Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД надмина 12.000, додека 400.000 се заразени и повеќе од 20.000 се опоравиле.
Вкупно 400.540 луѓе биле заразени во САД, додека 12.857 лица починале, а 21.711 се опоравиле.
Во Њујорк, најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата е регистриран вчера- регистрирани се 731 нови смртни случаи и вкупниот број на смртни случаи се искачи на 5.489.
Бројот на починати во понеделникот беше 731, што претставува зголемување од 599 смртни случаи претходниот ден, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, на прес-конференција.