Новиот оддел во Психијатрија Демир Хисар плива во фекалии, а лежат пациенти!

Комплетно ново изградениот дел – машки павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар кој беше неодамна пуштен во употреба е во лоша состојба. Освен пофалбите при отворањето на кое присуствуваше и…

Комплетно ново изградениот дел – машки павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар кој беше неодамна пуштен во употреба е во лоша состојба. Освен пофалбите при отворањето на кое присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, никој не дава информација зошто во новиот дел речиси нема никакви услови зошто во истиот течат фекалии.

-Новото оделение е отворено пред месец дена, но веќе течат фекалии, а сместени се пациенти.  Воопшто не е познато, ниту некој кажува дали воопшто имало дозвола да се пушти во употреба овој дел, сведочи вработен. Тој објаснува дека одделот треба да биде затворен саниран, па дури потоа да се зборува за сместување на пациенти.

-Но, проблемот е што никој не реагира. Станува збор за објектот со површина од 510м2, болнички, но и административен дел, со 36 болнички кревети, отворен кон крајот на нмври. Со ова, павилјонот нуди подобри услови за престој на пациентите во болницата, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и повисок квалитет на здравствена услуга, вака се пофали министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на Психијатриската болница Демир Хисар.

Тој се пофали и дека „средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата болница“.


Related Articles