Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на состаници во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 08.04.2020 година во 06 часот и 30 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 155 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 3.7, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.