Министерството за здравство информира дека по сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници.
-Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, информираат од Министерството.