Власта нема капацитет да ги заштити граѓаните и да им помогне во оваа криза. Здравството минативе три години е клекнато на колена од коруптивните зделки, а економијата е урнисана и ограбена од криминалците на функции. Граѓаните се оставени сами да се борат, а во целата немаштија, Владата очекува тие да ја плаќаат нејзината неспособност.
Состојбата со епидемијата на коронавирусот ескалира. Нашата држава секојдневно ги брои жртвите и новозаболените. Покрај колапсот на здравствениот систем ни се случува и целосен колапс на стопанството, а состојбата од ден во ден е се полоша.
Голем број стопанственици се пред одлука дали да ги затворат своите компании кои што со години успешно работеле.
Илјадници граѓани се оставени без приходи и парче леб. Според анкетата која што се појави во медиумите над 100 илјади граѓани добија привремен отказ, а мерките на Владата не се доволни за да граѓаните ги зачуваат своите работни места.
Мерките на Владата дополнително ќе удрат по џебот на граѓаните. Се погласни се најавите дека ќе се зголеми акцизата за нафтените продукти со што директно ќе се зголеми и цената на горивата, на штета на граѓаните.
Македонија се соочува со најсериозната криза од осамостојувањето. поради тоа се потребни сериозни мерки, а не гол популизам и политикантство.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ