Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините, и на некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од 10 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец
Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 17 степени.
Во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика дополнителен пад на дневната температура. Од четврток следува период на сончево и топло време со значителен пораст на дневната температура.