Една медицинска сестра од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивна на коронавирус, потврдуваат за ТВ21 од Министерството за здравство.
“Се работи за медицинска сестра од болницата во Демир Хисар која по контакт со заболениот доктор поминува 14 дена во изолација, На регуларното тестирање, медициснката сестра е позитивна, без симптоми на болест”, велат од Министерството за здравство за ТВ21 откако реагиравме дека таа не е внесена во евиденцијата.
Од здравство додаваат дека медицинската сестра била тестирана преку ЦЈЗ Битола и иницијално таму евидентирана. Бидејки е констатирано дека е со жителство во Демир Хисар, истото ќе биде евидентирано во следниот извештај на ИЈЗ.
“Ние и претходно известивме дека вакви исправки се можни до финализирање на епидемиолошките анкети и за измените, согласно извештаите на ИЈЗ, редовно известуваме”, додаваат од Министерството за здравство.