Коронавирусот зарази повеќе од 2.7 милиони луѓе, а над 190 000 ги загубија животите

Повеќе од 2,7 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирус, а над 190.000 починале откако вирусот се појави кон крајот на минатата година во централниот кинески град Вухан. Една…

Повеќе од 2,7 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирус, а над 190.000 починале откако вирусот се појави кон крајот на минатата година во централниот кинески град Вухан. Една третина од светското население е во карантин.

Најмногу починати од почетокот на пандемијата има во САД, со над 50.000 луѓе. Следува Италија со над 25.000 жртви, а по неа Шпанија 22 524 и Франција 21 856. Велика Британија е на работ да ја премине бројката од 20.000 жртви.

Врвот на епидемијата помина во повеќето европски земји, а во последните денови се забележува пад на новозаболените. Но, светот не се врати во нормала.

Научниците работат на повеќе од 100 потенцијални вакцини, вклучително и шест кои веќе се во фаза на клиничко испитување, изјави д-р. Сет Беркли, директор на Алијансата за вакцини на ГАВИ, јавно-приватно партнерство што води кампањи за вакцинирање во сиромашните земји.

„Треба да се осигураме дека има доволно вакцини за сите, ќе ни треба глобално лидерство за да се идентификуваат и да се даде приоритет на потенцијалните вакцини“, рече тој на посебниот брифинг во Женева, пред официјално да започне иницијативата, истакнувајќи дека Светската банка е исто така заинтересирана за зајакнување на глобалниот производствен капацитет.

Тој предупреди дека не треба да се повтори 2009 година, кога вакцината против грипот Х1Н1 не беше доволна за земјите во развој.

Важно е прашањето како ќе функционира вакцината кај постарата популација, која е под најголем ризик од Ковид-19 и дали ќе биде потребна една или повеќе дози со оглед дека имаат послаб имунитет, рече тој.


Related Articles