Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 14 до 25 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.