Откако цел свет можеше да се увери како полицијата во Индија ги тепа оние кои не се придржуваат до пропишаните мерки за време на пандемијата на коронавирусот, во оваа земја измислија нов метод за да се справат со непослушните. Полицијата за непослушните граѓани почнала да применува метод за заплашување.
Лицата кои не го почитуваат полицискиот час, а се откриени од полицијата се сместуваат во возило на брза помош во кое има лажен пациент заразен од коронавирусот. Уапсените лица не го знаат тоа па се молат да бидат пуштени или се обидуваат очајнички да побегнат од брзата помош, го молот лажниот заболен кој кашла во нив да не им се доближува.
Како изгледа тоа може да се види од настан кој полицијата го објавила на официјалниот Јутјуб канал, откако запреле три млади лица на мотори за време на полициски час. Тие не носеле заштитна опрема и завршиле во брзата помош со лажниот пациент заразен со коронавирусот.