Прв случај во Македонија на пациент кој е исклучен од респиратор и сега е во стабилна состојба. Станува збор за пациент роден 1983-та година, кој пред три недели бил примен во болницата „8 септември“ во тешка состојба од КОВИД 19. Неговата клиничка слика била сериозна и докторите морале да го стават на респираторна поддршка. Но, по 12 дена лекувањето е успешно и денеска претпладне е исклучен од респираторот.
Денеска има 8 новозаболени од корона вирусот, соопшти МЗ. Почина една 59-годишна жена од Тетово. Направени се 185 тестирања.