Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на…

Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на 10.05.2020 година (недела), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За потсетување, Град Скопје во текот на минатата недела реализираше авионска дезинсекција против ларви од комарци.


Related Articles