Пратеничкаа на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во Собранието, упати критики кон министерството за здравство, по скандалот со вакцините.

„Минатата власт е минато, а вие сте реалност и сегашност. Ги разочаравте здравствените работници. Ги оставивте пациентите да чекаат пред амбулантите. Нов Клинички центар ќе биде ново замајување на јавноста, а ќе си течат тендери. Ќе направите здравјето да биде привилегија само за богатите. Секој ден протестираат доктори, а вие ветувате дека ќе биде подобро. Не се покажавте како добар советник, ниту како министер за здравство. Да си заминете и да одберете дали ќе се вратите – во приватниот или државниот сектор. Ваков скандал со вакцините, во друга држава ќе поднесеше оставка, не само министерот, туку и премиерот“, рече Стојаноска.