20 милиони евра се пеналите поради раскинувањето на договорот за градба на нов Клинички центар кои владата треба да ги подмири. Додека нови 18 милиони евра е загубата на Владата поради пропаднатиот обид за издавање на еврообврзница. Ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

– 40 милиони евра е сумата која државата ја чини неспособноста на владата водена од Ковачевски и Груби. Сега државата и народот нема нов клинички центар, и нема средства од еврообврзница, но затоа има 40 милиони евра кои треба да се исплатат поради неспособниот Ковачевски и Груби. Додека за најголем триумф Ковачевски го смета замрзнувањето на цената на лебот кога сите други цени отидоа вртоглаво до плафон, тој ги осиромаши за дополнителни 40 милиони евра. Во нормални околности ќе имаше истрага за свесно предизвикување на штета на буџетот на граѓаните кои се ограбени. Неспособноста и криминалот се главната одлика на владата на Ковачевски и Груби, стои во нивното соопштение до јавноста.