Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина четири милиони, објави веб-страницата Ворлдометерс.

Починаа повеќе од 276 илјади луѓе, а закрепнаа 1.39 милиони луѓе.

Најмногу заразени има во САД 1.3 милиони, каде има и најмногу смртни случаи, повеќе од 78 илјади.

На второ место по бројот на заразени е Шпанија, каде починаа 26.299.

Втора земја во однос на бројот на смртни случаи е Велика Британија со над 31 илјада, а заразени се над 211 илјади луѓе.

Во Италија се заразени 217.118 лица, а починале 30.201 лице.

Повеќе од 26 илјади смртни случаи има Франција, каде што се заразени над 176 илјади луѓе.