Уште една конфекција во Штип под клуч, откако денеска е потврден позитивен случај на Ковид 19. 250 те работници одат дома и ќе чекаат ред за земање на брисеви. Досега се затворени вкупно седум конфекции или 10 отсто од стопански субјекти од оваа индустрија во градот Штип. Две конфекции од овие денеска беа отворени, но за тимот од Центарот за јавно здравје, кои земаа брисеви на работничките. Работничките сметаат дека е добро што се тестираат, но некои од нив и понатаму не веруваат во коронавирусот.

336 работници и нивни контакти се ставени во изолација, ова е највисока бројка од почетокот на пандемијата. На денешниот кризен штаб, на кој присуствуваше и националниот координатор Бујар Османи беше најавено дека конфекциите што по тестирањето ќе почнат да работа, но и оние што не се затворени ќе мора да имаат Ковид 19 координатори, нивна задача ќе биде контрола на почитување на мерките.

Најголем дел од заразените немаат симптоми, но на инфективното одделение се хоспитализирани 16 лица, еден од нив има потреба од повремена кислородна поддршка. Доколку се зголемува бројот на пациенти, болницата има и план Б

Ковид 19 координатори ќе имаат и сите јавни институции, а Османи смета дека во овој период мора да има борба со лажните вести за вирусот, кои брзо се шират на социјалните медиуми. Инаку од овој кластер на заразени има и позитивни случаи во соседните градови, бидејќи работничките од овие општини вирусот од погоните го пренеле и во автобусите и домовите.