Државната комисија за спречување на корупција во изминатиот период постапуваше по пријави поднесени од страна на Министерот Наќе Чулев и Дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Во првиот случај од страна на Министерот Чулев беше доставена пријава како резултат на одлуката на владата за поништување на решенијата за распоредување, а во вториот случај од страна на дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска беше поднесена пријава за наводни незаконитости и коруптивни дејствија во постапка за објавување и избор на кандидати по интерни огласи во МВР, а наводно сторени од министерот за внатрешни работи. Во случајот каде Министерот Чулев се јавува како подносител на пријавата Државната комисија за спречување на корупција донесе одлука дека истата се прифаќа, а во случајот на Дополнителната заменик министерка истата е се запира со одлука на ДКСК, стои во соопштението до јавноста.

Од таму додаваат дека во однос на пријавата поднесена од министерот Наќе Чулев од страна на ДКСК донесена е одлука според која владата со донесувањето на одлуката за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување на наредби и задачи со која е поништено и решението со кое се именува началник на сектор за внатрешни работи Тетово, ЈА ПРЕКРШИЛА ЗАБРАНАТА утврдена во чл. 8-а став 1 алинеја 3 од изборниот законик и во членот 34 став 1 алинеја 3 од законот за спречување на корупција и судир на интереси. Спорната одлука на владата била донесена на 18.02.2020 година, два дена по донесување на решението за распишување на предвремените избори за пратеници од страна на претседателот на собранието, односно истата била донесена за времетраење на изборниот процес, кога важат забраните утврдени во чл. 8-а ст. 1 алинеја од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

-Во однос на пријавата од дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска ДКСК донесе одлука со која постапката по конкретниот СЕ ЗАПИРА. Во образложението на одлуката ДКСК утврди дека во предметниот случај не се направени никакви прекршувања на законските и подзаконските акти и било какви коруптивни дејствија, дека во предметниот случај е променета фактичката состојба односно од страна на владата биле донесени одлуки за поништување на решенија за распоредување на работно место и наредби за извршување на работи и задачи, со кои биле поништени повеќе решенија донесени од министерот за внатрешни работи, потпишани само од него во периодот од 06.02 до 17.02.2020 година  и дека во конкретниот случај станува збор за прашање поврзано со надлежно постапување на друг надлежен државен орган, односно се работи за несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик во кој случај согласно одредбите на законот за владата должна е да постапи државната изборна комисија. Согласно погоренаведеното сакаме уште еднаш да истакнеме дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев донесувањето на решенијата за распоредување и наредби за извршување на работи и задачи во изминатиот период го правел согласно законот за Влада, одредбите регулирани во делот на техничката Влада, законот за внатрешни работи, колективниот договор и законот за организација и работа на органите на државната управа како и сите релевантни подзаконски акти, стои во соопштението до јавноста.