Во Словенија за една недела регистрирани само шестмина новозаразени со коронавирусот

Во изминатите седум дена во Словенија потврдени се само шест нови случаи на заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според податоците од Националниот институт за јавно…

Во изминатите седум дена во Словенија потврдени се само шест нови случаи на заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според податоците од Националниот институт за јавно здравје, денеска нема новозаразени. Задоволството од ваквиот успех не го кријат здравствените власти, кои сепак велат дека не е се завршено и дека опасноста од вирусот се уште е присутна.

Овие и податоци од изминатиот период беа доволни Владата да донесе одлука Словенија да е првата држава во Европската унија која прогласи крај на епидемијата и победа над коронавирусот.

Од почетокот на здравствената криза беа регистрирани вкупно 1.466 заразени, а вкупно 104 лица починаа како последица од Ковид-19.


Related Articles