Во Русија нивото на регистрирана невработеност ќе достигне број од 2,5 милиони луѓе

Во Русија во моментов има 1,6 милиони официјално регистрирани невработени луѓе, а се очекува тој број да продолжи да расте во мај и јуни. Се проценува дека нивото на регистрирана…

Во Русија во моментов има 1,6 милиони официјално регистрирани невработени луѓе, а се очекува тој број да продолжи да расте во мај и јуни.

Се проценува дека нивото на регистрирана невработеност во земјата ќе биде 2,5 милиони луѓе, додека вкупниот број на оние кои ги загубиле своите работни места како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот, може да достигне 5,3 милиони, оценува Меѓународната организација на трудот, соопшти рускиот министер за труд и социјална заштита Антон Котјаков.

– Бројот на регистрирани невработени достигна 1,6 милиони. Ние сериозно разгледавме различни ситуации според различни сценарија. Со оглед на проценетите податоци што ги гледаме денес, бројот на невработени ќе продолжи да расте во мај и јуни, рече Котјаков.

Според него, пазарот на трудот минува низ тежок, но не и катастрофален период.

Руската вицепремиерка, Татјана Голикова, претходно изјави дека бројот на невработени во земјата е речиси двојно зголемен од нивото на 725.800 лица.

Таа истакна дека од 1 март годинава 1.654.000 Руси се обратиле до државните агенции за помош во барање работа или за добивање надомест за невработеност.


Related Articles