Во изминатото деноноќие како последица на компликации од Ковид-19 починаа четири лица. Тројца се над 65 години, а еден пациент имал само 41 година. Во земјава досега од болеста починаа 110 луѓе, но според статистиката на Институтот за јавно здравје, најголем процент од нив се лица над 60 години.

Најточно според податоците од вчера кои се последни обработени во извештаите од Институтот највисок специфичен морталитет е регистриран на возраст од 69 години или 18 на 100.000.

Инаку регистрирани се 72 смртни случаи кај лица од машки и 34 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 79 (74,5%) се регистрирани коморбидитети односно претходни заболувања. Девет (8,5%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 97 (91,5%) починале за време на хоспитализација.

Министерството за здравство извести дека изминатото деноноќие Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје која имала 65 години примена на 11 мај, но и пациент од Скопје кој имал 71 години и кој хоспитализиран на 16 мај, пациент од Тетово – 73 години во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп кој имал 41 година кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Меѓу најмладите кои настрадаа е пациент од Гостивар кој имаше 36 години,  апочина во април. На почетокот на април беше известено дека почина 27 годишна родилка од Куманово.

Подолу е графикон на заболените по возрасна група.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години или средна возраст е 46 години. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 397 (21,6%).

Графикон 1Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.839)

19.5.2