Гроздановски од Комората на сметководители: 11.5% од вкупната финансиска помош отишла само за 10 компании, владата ги прекомплицира сите процедури, институциите крајно некоординирани

Благоја Грозданов од Институтот за сметководители вечерва на Телевизија 24 со бројни критики кон владата за начинот на носење и предложените мерки за фирмите во коронакризата, истакна дека само 11.5%…

Благоја Грозданов од Институтот за сметководители вечерва на Телевизија 24 со бројни критики кон владата за начинот на носење и предложените мерки за фирмите во коронакризата, истакна дека само 11.5% пд вкупната финансиска помош којашто владата ја дала кон бизнис секторот отишла кај 10 компании, распределбата не е правична, постои голема некоординираност на државнитѕе институции, како и тоа дека владата ги прекомплицирала постапките.

Грозаднов вели дека не е само бројката колку ќе даде владата вкупно помош, фали транспарентност која фирма колку добила помош поеддинечно.

-11.5% од вкупната финансиска помош отишла само за 10 компании, што значи дека 88.5% од помошта отишла кај другите 18.000 компании, распределбата не е правична. Помошта од и онака нашиот ограничен буџет требаше да биде алоцирана онаму каде што беше најпотребна, а не требаше да се расфрла со таа помош, порача Грозданов.

Тој рече дека државата наместо да понуди рака на давеник, реши да се надмудрува и да игра партија шах, ги прекомлицираа сите процедури, се направија преобемни, во екстремно кратки рокови, најбитниот предлог што го дале како комора е да бидат продолжени сите даночни поднесоци до крајот на кризата, кој не бил прифатен од министерството.

-Крајно отсуство на координација во самите институции, од почетокот на кризата нема јасна визија како да излеземе од истата, два пати главната уредба за 14.500 денари субвенција се смени поради апсурдноста на некои критерируми, па се повлече, па се смени уште два пати повлечената уредба, критикуваше Грозданов.

Тој истакна дека фирмите немаа време да ги прочитаат процедурите и постапките не па да постапат по истите.

-Се изгубивме во постапките, соседни земји ни покажаа како може да се реши со два клика, за жал сметководителите останаа на крај, останавме без никаква помош, а министерството е премногу затворено со само одреден број на експерти со кои соработуваат.


Related Articles