Во текот на изминатото деноноќие (06/07.06.2020) на територијата на Република Македонија на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци.

Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.