Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтерова скала, кој вчера ја погоди турската провинција Бингол, соопштија властите во Анкара.
Во земјотресот се оштетни неколку десетици куќи и згради, истакна Директоратот за природни катастрофи и вонредна состојба.
Двајца припадника на безбедносните сили се повредени при уривање на набљудувачка кула, а еден од нив подоцна починал в болница.
Осум лица се повредени во неколку села, вклучувајќи и едно дете.
Како што се наведува, поставени се околу 550 шатори, како и една спасувачка екипа во регионот, со цел да му се помогне на локалното население.