За само една недела во Италија речиси двојно е зголемен бројот на новозаболени со корона вирус. Расте и бројот на пациенти на интензивна нега, соопшти Фондацијата Гимбе.
Од 19 до 25 август, првиот период кога талијанските туристи се вратија од колективниот годишен одмор, регистрирани се 6 538 нови случаи со Ковид-19, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната недела, кога беа идентификувани 3 399 новозаболен. Истовремено, бројот на болнички пациенти заразени со корона вирус на интензивна нега се зголеми за осум.
Италија беше првата европска држава најтешко погодена со Ковид-19, па на почетокот на март воведе рестриктивни мерки, кои постепено се ублажуваа дури по три месеци.
Во италија од почетокот на кризата починаа повеќе од 35 000 луѓе од Ковид-19, што ја направи шеста земја во светот по смртност, по САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија.