Погледнете кои се најчестите и најбогатите извори на бактерии во секојдневниот живот

Иако планетата земја е населена од луѓето, сепак светот им припаѓа на бактериите. Според истражувачите повеќе од милијарда микроорганизми се нашите најверни соседи. Иако бактериите се насекаде, најголем дел од…

Иако планетата земја е населена од луѓето, сепак светот им припаѓа на бактериите. Според истражувачите повеќе од милијарда микроорганизми се нашите најверни соседи. Иако бактериите се насекаде, најголем дел од нив се безопасни и најчесто корисни.

Нашата изложеност кон бактериите всушност е добра работа. Но никогаш не треба да го занемариме фактот дека миењето на рацете со вода и сапун е нашата најдобра одбрана од овие микро бубачиња.

Да се биде изложен на бактерии значи да се има здрав имун систем. Ако престанеме да се изложуваме и секогаш се дезинфицираме тогаш нашиот имун систем се свртува кон нас и ги напаѓа нашите сопствени клетки. Токму затоа автоимуните болести се толку чести во земјите каде луѓето се претерано чисти.

И покрај се еве нешто што некому ќе му биде интересно, а некому ќе звучи застрашувачко. Ова се нештата во секојдниот живот со кои постојано сме во контакт, а претставуваат неверојатен извор на бактерии и микроорганизми:

-Количките во супермаркетите

-Менијата во рестораните

-Сетовите за зачини, сосови и други додатоци во рестораните

-Банкоматите

-Кваките на вратите и сапуните во јавните тоалети

-Копчињата за лифтот и прекинувачите за светло

-Парчињата лимон во пијалоците

-Компјутерските тастатури и телефонските слушалки

-Женската ташна


Related Articles