Внимавајте кога одите на концерт или на спортски натпревар, вирусот се пренесува и на отворено

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го…

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани. Станува збор за истражени 25 000 случаи.

Објектите на отворено подразбираат оградени области каде што не се почитува физичкото растојание или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, зборувајќи гласно или пеејќи.

– Не идентификувавме речиси ниту еден случај што би го поврзале со секојдневниот живот на отворено, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот „Кентербери“ во Кент. Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку затворениот простор.

Во студијата, покрај британски, учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

– Ризикот е помал затоа што вирусот се разредува во атмосферата, нешто слично се случува со чадот од цигари, заклучува експертот.

Но и доколку на отворено поминеме подолго време во група не одржувајќи растојание и при тоа не носиме маски, на тој начин свесно и целосно се изложуваме на ризикот да се заразиме со коронавирусот.

Според сите досегашни истражувања, најефикасниот начин да се заштитиме од пренесувањето на Ковид-19 е одржувањето на растојание од 2м и носењето маска.


Related Articles