Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус. Тој беше осмиот здравствен работник кој ја загуби битката со ковид-19 од почетокот на епидемијата во март.
Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 18 октомври покажуваат дека вкупно 1.164 здравствени работници во Македонија се заразиле со Ковид-19. Како оздравени се водат 977 здравствени работници.
Заклучно со вчерашниот случај во Куманово, бројот на здравствени работници кои починале од Ковид-19 се искачи на осум.