Министерството за здравство во последниве 24 часа регистрира 404 нови случаи на ковид-19 од извршени 1.524 тестирања. Новозаболените пациенти се од: Скопје 172, следат Куманово 15, Дебар 4, Штип 8, Прилеп 25, Тетово 41, Струга 4, Велес 6, Битола 4, Охрид 11, Кавадарци 5, Гостивар 20, Гевгелија 9, Струмица 29, Крива Паланка 2, Кочани 18, Пробиштип 3, Берово 6, Виница 2, Делчево 4, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 2 и Неготино 9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје 107, Куманово 4, Штип 9, Прилеп 10, Тетово 11, Струга 4, Битола 3, Охрид 1, Гостивар 1, Гевгелија 5, Струмица 4, Радовиш 6, Кочани 6, Пробиштип 1, Македоснки Брод 1, Пехчево 2, Валандово 3, Свети Николе 1 и Кичево 3.

Починаа 14 лица од Прилеп (77), Куманово (76 и 66), Крива Паланка (65), Скопје (80), Гевгелија (51), Кочани (83), Струга (66), Битола (68), Ресен (52 и 83), Виница (67), Берово (67), Тетово (59), сите во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.