Нов рекорден број на починати, 4187, се регистрирани во Индија. Бројот на новозаразени е поголем од 400 000 веќе трет ден по ред. Од денеска во државата Тамил Наду на сила е нов локдаун.
Вкупниот број на починати во земјата е околу 240 000, а заклучно со вчерашните 401 078 потврдени случаи вкупниот број на заразени изнесува 21,9 милиони луѓе.
Во државата Карнатака, и главниот град Бенгалору што се смета за ИТ престолнина на Индија синоќа беше објавено дека рестрикциите за движење се продолжуваат до 24 мај.