Според најновото истражување во Македонија невработеноста е најголемиот проблем со кој се соочуваат македонските граѓани. На второ место се наоѓа недостапноста на вакцини против ковид-19, а на трето место е економската состојба. Истражувањето е споведено од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Директорот на ИРИ, Пол Мекартни посочи дека поради неодамнешното вето на Бугарија кон Македонија влијае врз врз убеденоста на граѓаните дека може да имаат напредок кон пристапувањето во Европската Унија. Процентот на оние кои сметаат дека Македонија е поблиску до влез во ЕУ во последниве три години е опадната од 57% на 32%.
Анкетата исто покажа дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.
– Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати, рече Мекарти.
Ова национално репрезентативно истражување беше спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците беа собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Националниот примерок се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе и беше дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини.