Оние кои го испробале овој природен лек велат дека веднаш почувствувале подобрување, а веќе по 10-тина дена можеле повторно да застанат на своите нозе. Рецептот е едноставен, потребно ви е само модар домат и литар вода.
Подготовка :
Излупете го модриот домат, а потоа исечете го на кругови. Во тенџере додадете вода и оставете ја да зоврие. Потоа во зовриената вода додадете го модриот домат. Смесата треба да се вари околу 20-тина минути, а потоа оставете ја да се олади. Оладениот лек раздвојте го на два дела, така што 750 милилитри сипете ги во стаклена флаша и оставете ја во фрижидер. Секој ден наутро пијте по 250 милилитри од напитокот, а истата количина пијте ја пред ручекот и вечерата.
Остатокот од 250 милилитри, кои претходно сте ги издвоиле измешајте ги со 50 милилитри маслиново масло, а потоа смесата користете ја за облоги и масажа на деловите од телото кои што ве болат.