Едно нешто е факт и не смееме да го заборавиме, а тоа е дека најефикасниот начин за миење на рацете е со топла вода и сапун.

Но, во услови кога тоа може да биде тешко и невозможно, ефикасни се и геловите за суво миење на рацете, кои се доста популарни. Многу луѓе ги користат секојдневно, но она што не го знаеме или малку го знаеме е дека нивното дејство е навистина краткотрајно и треба да ги користиме почесто.

Многумина веруваат дека дејството на геловите за дезинфекција е дури и до 30 пати подолго отколку што реално е. Реалноста е дека тие траат неколку минути, по што не значи дека веднаш треба одново да нанесете, туку да имате на ум дека по половина или еден час вашите раце се повторно контаминирани.

Сепак, не е бескорисен, бидејќи докажано е дека уништува голем дел од бактериите и микроорганизмите на вашите раце, но не треба да очекувате чудо и 100% заштита.