Децата со посебни потреби или со пречки во развојот се ослободени од задолжителното носење на маска во училишните клупи, доколку приложат медицинска потврда за нивната состојба, соопштуваат од Владата.
Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба – се вели во соопштението.