Се будите и прво што треба да направите откако ќе ги минете задолжителните постапки за лична хигиена, е да му се посветите на утринското вежбање. Секако, за повеќемина од вас тоа значи и откажување од утринските ритуали за уживање, пиење кафе или прекрасен богат доручек, но, верувајте, за многу кус период, ќе се чувствувате како препородени.
Сакате ли само една причина зошто треба да го направите? Па, на пример, додека спиете, складираните јаглехидрати се користат за извршување на различни функции во телото. Кога се будите чувствувате глад, што е нормално поради согорените јаглехидрати. Со вежбање пред појадок, телото има тенденција да ги согорува складираните маснотии. Затоа утринското вежбање е најефективно од било кој друг период во денот.
Во почетокот може ќе ви биде тешко да вежбате без појадок. Вашето тело е така дизајнирано да ги задржи маснотиите секогаш кога тоа е можно, а тие се добро гориво. Но, како што вашето тело учи да ги користи вашите складирани маснотии за гориво, без јадење наутро, ќе стане многу полесно. Всушност, откако организмот ќе се навикне да троши маснотии во утринските часови, вие ќе се најдете себе си дека сте полни со енергија.
Аеробните вежби го стимулираат производството на ензими и хормони кои предизвикуваат телото да ја зголеми потрошувачката на складираните маснотии.
Обидете се да избегнете вежби со оптоварување бидеќи тие ќе го зголемат производството на хормон за растење, кој ја зголемува мускулната маса.
Комбинацијата од аеробик и музика ќе создаде релаксирачки ефект на телото, ќе предизвика чувство на среќа, а ќе го намали стресот, анксиозноста, вознемиреноста и депресијата.
Физичката активност, особено аеробната физичка активност, е фантастичен метод да се зголеми нивото на енергија во текот на денот.
Доколку се уште сте убедени дека треба да вежбате за „добро утро“, но и за да имате успешен работен ден, еве ви уште неколку причини кои треба да ве уверат во тоа:
1. вежбањето наутро ослободува ендорфин, и ве полни со енергија за цел ден.
2. ве енергетизира и ве буди.
3. може да помогне во регулација на апетитот за остатокот од денот.
4. деноноќниот ритам на вашето тело се прилагодува на вашата утринска рутина, па полесно ќе можете да се разбудите секој ден во истото време.
5. мала е веројатноста од замор кога тренингот, односно важбањето го правите рано наутро.
6. го зголемува метаболизмот и неколку часа по тренингот.
Ајде, што чекате?! Наместете го будилникот половина час порано од предвиденото, тоа ви е сосема доволно за да стартувате со новиот начин на живот. Добро утро, ве молиме, почнете со вежбање.