Руски виролози зборуваат за наводното вештачко потекло на сојот омикрон

Тројца еминентни руски виролози во неделата зборуваа за хипотезата за наводното вештачко потекло на омикрон варијантата на коронавирусот и оценија дека иако тоа е можно, сепак, е малку веројатно. Вирологот…

Тројца еминентни руски виролози во неделата зборуваа за хипотезата за наводното вештачко потекло на омикрон варијантата на коронавирусот и оценија дека иако тоа е можно, сепак, е малку веројатно.

Вирологот Пјотр Чумаков, шеф лабораторијата за пролиферација на клетките во Институт за молекуларна биологија „В.А. Енгелхард“ при Руската академија на науките, признава дека новата верзија на коронавирусот SARS-CoV-2 може да се покаже како „жива вакцина“ создадена од ткн биохакери. Но според него, никој по тој пат не оди официјално.

Од своја страна, научниот директор на Истражувачкиот центар за вакцини и серуми „И.И. Мечников“, Виталиј Зверев, и шефот на Лабораторијата за биотехнологија и вирологија, Сергеј Нетесов, сметаат дека вештачкото потекло на омикрон сојот е малку веројатно. Зверев истакнува дека новите соеви на вирусите се формираат преку природен пат.

– Веќе имаше сличен случај кога во Јапонија мутираше сој на коронавирусот, и како резултат на тоа се чинеше дека вирусот се уништува самиот себеси, потсетува научникот.

Новата варијанта на SARS-CoV-2 првпат беше идентификуван кон средината на ноември во Боцвана и Јужноафриканската Република. Тој содржи десетици мутации на шилестиот S-протеин, преку кој вирусот ги заразува клетките. Научниците сметаат дека оваа варијанта првично се развила во организам на имунокомпромитиран пациент, веројатно претходно заразен со ХИВ.

Во моментов во повеќето земји во светот доминира ткн делта варијантата на коронавирусот, или B.1.617.2, но научниците сметаат дека набрзо ќе биде истисната од омикрон сојот. Според последните потврдени податоци, случаи на заразата со омокрон варијантата е индентификувана во 89 земји.


Related Articles