Светскиот ден на семејните лекари, 19 мај, денеска беше одбележан во Градскиот парк со мерење на индексот на телесна маса на нашите граѓани.
По овој повод, специјалисти по семејна медицина денеска во периодот од 11 до 14 часот одредуваа индекс на телесна маса кај заинтересираните случајни минувачи. Мотото на годинешното одбележување е „Семејните лекари се секогаш тука за вас“.
– Наша цел беше да ја подигнеме свеста за одржување на телесната тежина и да дадеме совети за здрава исхрана, откажување од пушење и физичка активност, основите за живот. На најмалите ја утврдивме кривата на растот. Имавме убаво дружење со денешните посетители на паркот, велат од здружението на специјалистите по семејна медицина.