На 12-ти мај, Милано беше европска престолнина на пицата. Во еминентниот театар Сан Бабила, реномираната асоцијација „50 Top Pizza“ ги презентираше најдобрите европски пицерии за 2022 година.
Рангирањето 50 Top Pizza Европа е дел од мрежата 50 Top Pizza, замислена и уредена од Барбара Гуера (врвен сомелиер и италијански мајстор дегустатор), Лучијано Пињатаро и Алберт Сапере (креаторот на 50 Top Pizza и еден од главните подржувачи на движењето за пица во Италија), кој ги избира најдобрите пицерии во Италија и во светот.
Вечерта Милано беше европска престолнина на пицата, со присуство на пица уметници од 50 нации од Стариот континент.
Во рангирањето претставници на Франција, Шпанија, Англија, Данска, Австрија, Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Португалија, Ирска, Финска, Полска, Словенија, Унгарија, Србија, Македонија, Хрватска, Латвија, Романија, учествуваа во изборот за најдобри пицерии за 2022 година во Европа.
Македонската траторија Matto Napoletano беше селектирана во тесниот круг од 50 најдобри пицерии во Европа.
„Огромна чест, привилегија и задоволство е да се биде меѓу 50-те најдобри пицерии во Европа!“
– возбудено изјавија Зоран Василевиќ и Дане Кузмановски, сопствениците и креатори на Matto Napoletano.
„Уште од самиот почеток, од отварањето на траторијата во 2021, сонувавме да бидеме дел од фамилијата на 50 Top Pizza и еве, нашиот сон се оствари, вклучени сме во европската престижна листа „50 Top Pizza“. Ова е голема чест но и признание за нашата страст кон создавање врвна наполитанска пица Наполетана. Со ова признание гордо ја ставивме и Македонија на европската гастрономска мапа. Голема благодарност до нашиот извонреден тим и секако до сите наши прекрасни клиенти“
– кажа Василевиќ.
Главниот актер во овој локал е пица печката Scugnizzonapoletano која се гледа од влезот и таа е првото нешто што ви привлекува внимание со својот изглед.
Неверојатно вкусните пици во неаполски стил имаат тенко тесто и висока мека кора. На нив се додаваат само свежи и квалитетни суровини и производи од италијанско географско потекло. Персоналот е добро обучен, професионален и љубезен.
Matto bar-от е ориентиран кон креативни коктели и вино. Винската карта е мала но разновидна, креирана од нашиот познат сомелиер Александар Вучковски, селектирајќи избор на вина во кој преовладуваат македонските и вина од Италија.