Луѓето кои се под стрес се склони кон дебелеење. Чувството дека не можеме да совладаме некоја задача, често пати знае да ни го расипе здравјето, а високите нивоа на стрес резултираат и со носење на лоши одлуки.
Кога во храната бараме начин да се опуштиме од стресот, тогаш не е толку лесно да се придржуваме до здравата исхрана. Јадете, а не вежбате, работите многу, а не се движите.
Секој од нас различно го доживува стресот, но општоприфатена дефиниција е дека стресот е состојба во којашто се наоѓаме во ситуација која ја надминува нашата физичка и ментална сила.
Резултат на ова се зголемените нивоа на кортизол и состојба во која или бегаме или се бориме, со забрзување на работата на срцето, побрз доток на крв во мозокот и мускулите, ширење на зениците, потење на дланките, покачен шеќер.