Владата на денешната редовна седница го именуваше гинекологот Гоце Чакаровски за национален координатор за здравство.
Со ова Чакаровски доби нова функција откако претходно беше тргнат од позицијата заменик-министер за здравство во рамки на владината реконструкција.
Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на лекарското здружение на медицински центар–Битола.
Колку Чакаровски одговара на оваа позиција и дали е ставен со намера да изврши одредени партиски работи или како награда за невидлив заменик министер во здравството, јавноста останува да дознае иако по веста многумина се прашуваат кој е Чакаровски и колку е тоа способен што така лесно ги менува позициите, односно народски кажано кој стои позади него?