Доколку сте една од оние жени кои имаат тенка, кршлива коса која споро расте, тогаш споделуваме со вас еден рецепт за шампон на природна основа кој вреди да се проба. Наместо да купувате скапи хемикалии кои ви ветуваат брзо растење и зајакнување на влакното, ви го нудиме следниов евтин рецепт.
750мл обичен шампон од коприва
30мл масло од коприва
1 шишенце AD капки на водена база
100мл пантенол раствор
50мл масло од рицинус
Измешајте ги сите капки со шампонот и добро протресете додека течностите не се изедначат.
Користете го шампонот при секое миење на косата и ќе забележите дека по неколку седмици ќе стане помека и поздрава, а со тоа што влакната нема да се кинат, и подолга.