Преубава проја, ќе ја правите постојано.
СОСТОЈКИ:
2 јајца
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја бело брашно
1 шолја ситно сирење
1 шолја јогурт
1/2 шолја маслсо
1 шолја исечкан млад кромид
1 лажичка сол
1/2 кесичка прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца па додајте јогурт, масло, сол, брашно. Со миксер разматете па измешајте исечкан кромид, сирење и прашок за печиво.
Печете во намастена тепсија во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.
Добар апетит!