Заедничкиот став кој произлезе од средбата на македонскиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер е дека соработката помеѓу двете држави треба да се продлабочи на полето на социјалните политики.
Соработката во минатото била на полето на неколку проекти од социјалната заштита, а иднината на соработката треба да ја гледаме на полето на демографијата. И двете држави се соочуваат со проблемите на модерното време и затоа мора да преземеме сет на мерки за подобрување на состојбата, беше речено на средбата.
На средбата, министерот Велковски истакна дека приоритет е подигнување на транспарентноста и ефикасноста на работата на министерството и дека европските фондови и натаму остануваат отворени за поддршка на проекти и мерки од кои крајниот бенефит е наменет за граѓаните.
На средбата беше споделена и заложбата за фер и демократски избори кои ни претстојат во наредниот период.