Во просториите на МТСП Државниот секретар Флакрон Беџети имаше работна средба со претставници на Експертската мисија ва рамки на проектот EU Socieux кофинансиран од Европската Унија за размена на податоци и информации во рамките на шемата за координација на системите за социјално осигурување.
Воедно, Државниот секретар Беџети ја отвори работилницата и притоа ја истакна заложбата за овој проект во корист на граѓаните. Во рамките на оваа работилница се разменија мислења и информации за подготовка на капацитетите на институциите за системот на социјално осигурување во поглед на прилагодување и идната интеграција на системите за пензиско, инвалидско, здравствено и социјално осигурување и за негово интегрирање во механизмите за координација на податоци за идна интеграција во EESSI (Електронска размена на информации за социјално осигурување).