Стресот е сеприсутен во современиот свет, а справувањето со него станува сѐ поважно за нашето ментално здравје. Сепак, постои необичен сојузник во борбата против стресот – нашите миленици, особено мачките.
Имено, мачките покажаа неверојатна способност да пружат емоционална поддршка и да помогнат во намалувањето на анксиозноста кај луѓето.
Мачките имаат одлична способност да ги читаат човечките емоции. Нивното присуство кај сопственикот може да го намали нивото на кортизол, хормонот на стресот и да го стимулира ослободувањето на ендорфин, хормонот на среќата, покажаа некои студии.
Понатаму, програмите за терапија со помош на мачки стануваат сè попопуларни. Во многу болници, домови за стари лица и центри за ментално здравје, мачките се вклучени во тераписките сесии како дел од програмите за намалување на стресот и промовирање на емоционалната благосостојба.
Истражувањата покажаа дека самото гледање во мачка како си игра или лежи може да го намали нивото на стрес и да го подобри расположението. Нивното присуство, нежност и смирувачка прегратка често имаат корисен ефект врз емоционалната состојба на сопственикот и општата благосостојба.