Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови во повеќе делови од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, се наведува во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од 14 до 22 Целзиусови степени, а во текот на денот од 28 до 38 степени.
Во Скопје, според прогнозата на УХМР, денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 19 Целзиусови степени наутро, до 36 степени во текот на денот.
За утре синоптичарите прогнозираат дека претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје и утре ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата утре ќе се движи од 26 до 37 степени.