Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО пред новинарите во Женева.

Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

Анализите на отпадните води сугерираат дека циркулацијата на SARS-CoV-2 е два до 20 пати поголема отколку што покажуваат сегашните бројки.

Ваквите високи стапки на циркулација на инфекции во летните месеци на северната хемисфера се нетипични за респираторните вируси, кои главно се шират на ниски температури.

„Во последниве месеци, без оглед на сезоната, многу земји доживеаја ненадеен пораст на ковид-19, вклучително и Олимписките игри каде што најмалку 40 спортисти беа позитивни“, рече Ван Керхова.

<

blockquote class=”twitter-tweet”>

"COVID-19 is still spreading around the world. The United States is facing a summer wave, and the virus is also spreading in Europe, including in the Olympic Village" https://t.co/vD4asMYobb

— Sebastian Kraemer 💙 #EndFossil (@sebkraemer) August 1, 2024

Како што вирусот продолжува да еволуира и да се шири, постои се поголем ризик од посериозен вид на вирус кој не може да се открие со досега практикуваните методи или кој не реагира на медицинска интервенција.

СЗО ги повикува владите да ги засилат кампањите за вакцинација, обезбедувајќи дека најзагрозените групи се вакцинираат најмалку еднаш на секои 12 месеци.