Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија денеска надмина 50.000, според официјалните податоци до кои дојде „Ројтерс“.

Новите податоци од Шкотска покажуваат дека бројот на починати се зголемил на 50.059 во моменти кога британскиот премиер Борис Џонсон се обиде да ги ублажи рестриктивните мерки, наведува агенцијата.

Податоците на британската агенција за починати се состои од податоци од некролозите во кои се споменува Ковид-19 како причина за смртта во Англија, Велс и Северна Ирска до 22 мај и во Шкотска до 31 мај.

За разлика од податоците кои владата дневно ги соопштува, некролозите во кои се споменува Ковид-19 вклучуваат сомнителни случаи. Податоците на „Ројтерс“ вклучуваат и починати во англиските болници по 23 мај и во Велс и во Северна Ирска.