Денеска имав чест да се обратам на Регионалната конференција посветена на Пекиншката декларација за жените Ромки, соопшти заменик министерот Велковски.
Имав чест да се обратам на Регионалната конференција посветена на Пекиншката декларација за жените Ромки. Македонија посветено работи на вклучувањето на родовата перспектива во сите наши политики, бидејќи тоа е клучот за постигнување родова еднаквост и инклузија, соопшти Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
-Горди сме на напредокот во интеграцијата на жените Ромки, но свесни сме дека пред нас стојат многу предизвици. Ќе продолжиме да работиме на создавање општество кое не исклучува, туку интегрира, и каде што секој граѓанин има еднакви можности за напредок и развој, потенцираше во обрајава на својот фејсбук профил.