Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, како и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески и Марија Митева, присуствуваа на еден од бесплатните часовите по пливање. Овие часови се реализираат за учениците од прво одделение и дечињата со попреченост со поддршка на Општина Аеродром.

-Посебно сум горд на овој проект, затоа што Аеродром е првата и единствена општина која преку вакви активности дава поддршка и покажува грижа за правилниот психофизички развој на децата. Дополнително, проектот промовира инклузивност, го поттикнува спортувањето и здравото живеење кај дечињата – истакна Муцунски.