Одлуката на Владата да се испразнат студентските домови низ Македонија беше поздравена од дел од студентите, но останатите се револтирани – некои важни обврски им остануваат и мора да ги одложат.

„Дали тоа значи дека нема да можеме да престојуваме? Имам обврски во Скопје, навистина ми треба да бидам тука“, вели студентка од Правен факултет „Јустинијан Први“.

Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски во изјава за „Фокус“ порача дека ќе се почитуваат препораките, без оглед на се.

„Ние треба да го ставиме здравјето пред обврските, кои се секундарни и здравјето е најважно. Без разлика на обврските на студентите, факултетите се затворени и тоа е за доброто на сите. Препораките мора да се почитуваат“, ни порача Николовски.